НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема да дозволиме злоупотреба на протестите, МВР е во служба на граѓаните, порача Спасовски

0
By Sashko on July 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево повторно упати апел до граѓаните, но и до политичките субјекти кои сакаат да го искажат својот став преку протест, тоа да го сторат на мирен начин.
„Би сакал да упатам апел до вас, граѓаните, но и до политичките субјекти, кои сакаат да го искажат својот став преку протест, тоа да го сторат на мирен начин. А бидејќи владеењето на правото и демократијата се меѓусебно поврзани и условени, би сакал уште еднаш да потсетам дека секој јавен собир (протест), согласно закон, мора да биде уредно пријавен. Притоа, освен известувањето за блокадите од 08.07.2022 кое беше доставено како акт до МВР истиот тој ден, иако според Законот за јавни собири треба да се достави најдоцна 48 часа пред почетокот на одржувањето, ниту еден од протестите во изминатите неколку денови не беше уредно најавен и пријавен, туку организацијата течеше преку социјалните мрежи, иницирана и водена од неколку политички партии“, напиша Спасовски на Фејсбук.
Министерот посочи дека отсуството на организатор, односно неговото формално необзнанување не може да претставува алиби за насилството врз виталните објекти на државата и врз полициските службеници кои вршат службени дејства во заштита на безбедноста на граѓаните и институциите на системот, како што ни ненајавениот протест не може да биде покритие за непреземање на одговорност за овие насилни протести, во кои беа повредени 54 полициски службеници, а 23 лица се приведени.
„Ја користам оваа прилика да ја известам јавноста да биде спокојна – МВР останува во служба на граѓаните и нема да дозволиме протестите да бидат злоупотребени за разгорување на меѓуетнички тензии. Полицијата постапува согласно добиените оперативни сознанија и ќе биде распоредена на соодветен начин согласно потребите. Воедно, би сакал да упатам порака и до креаторите на тензии – не злоупотребувајте го правото на протест на граѓаните за создавање на ваша, деформирана слика во јавноста. Нечесно и недостоинствено е да се злоупотребуваат граѓаните како параван за неоправдано насилство во исклучиво политички цели“, напиша министерот за внатрешни работи.
Тој посочи дека чинот на насилство нема оправдување.
„Ние како држава сме горди на цивилизациската придобивка на протест, а токму мирните протести се есенцијален дел на една демократија. Апелирам да се практикува мирен протест, како дел од дијалогот. МВР продолжува да ги штити уставните права и да ја обезбедуваме сигурноста на сите граѓани“, напиша Спасовски на Фејсбук.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.