Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема да се случи колапс-Министерството ќе ги поддржи програмите за ХИВ

0
By Менче Атанасова Точи on June 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема да се случи колапс, ниту да букне епидемија од ХИВ. Нема да пропаднат програмите против СИДА, туберколоза и маларија чие финасирање од Глобалниот фонд завршува до крајот на месецот. Министерството за здравство ќе ги финансира и поддржи овие програми, вети денеска на прес конференција министерот за здравство Арбен Травари.

“Нема да се случи колапс, има одреден буџет во Министерството и заедно со останатите средства од Глобалниот фонд до крајот на годината ќе има финансиски средства за оддржливост на програмите. Станува збор за 6 милиони денари кои се надеваме дека ќе бидат доволни до крај на годината. За идната година ќе планираме како и за сите други за да се најде решение за 2018 година“, рече Таравари.

Доколку не се најдеше итно решение околу 10 000 луѓе кои употребуваат дероги и члени на нивните семејства ќе останат без соодветна здравствена заштита.

„Ова е итно решение. Доколку сакаме да останеме лидер во регионот со најниска стапка на ХИВ во Југоисточна Европа, доколку сакаме да спасуваме човечки животи, овие програми треба да продолжат со буџет од државата. Глобалниот Фонд изминатиот период, сите овие 13 години инвестираше 33 милиони долари, од кои 25 за ХИВ и 8 милиони долари за ТБЦ“, изјави Христијан Јанкуловски извршен директор на ХОПС.

Финансирањето од Глобалниот фонд завршува на 30 јуни и постои сериозна опасност овие програми да престана да функционираат, рече Влатко Деков од ХОПС.

„Македонија успеа да воспостави контрола и остане со ниска стапка на ХИВ токму заради овие сервиси во програмите кои спасуваат животи и влијаат врз превенцијата. Над 15 000 корсници се вклучени во овие услуги кои се надвор од здравствениот систем. Доколку продолжи финансирањето ќе се спречат 290 смртни случаи и 840 нови случаи. Остануваат осум дена до рокот, поминати се сите рокови и доколку не се интервенира треба да се стави клуч на овие програми“рече Елизабета  Божиноска координатор на платформата за одржливост на програмите за превенција и поддршка на ХИВ.

ХОПС започнува со кампања „Со клучни одлуки до здрава заедница“ за континуирана финансиска поддршка за намалување на штети од употреба на дроги.  Кмапањата е повик до носителите на одлуки за продолжување на проектите кои работата на превенција и унапредување на јавното здравје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.