Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема криза за владините реклами

0
By Сашка Цветковска on February 27, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата година Владата ја почна со уште една скапа кампања – ќе се потрошат 500 илјади евра на реклами и спотови за промоција на семејните вредности пред граѓаните. Вчера и завчера на бирото за јавни набавки беа објавени договорите со рекламните агенции за оваа кампања.

Република, Маркет Вижн, Трето уво, Њу Момент, Аквариус Дизајн, Омега Комјуникејшн и Актива Интер Конс се агенциите на кои им се доделени средствата за изработка на кампањата.

Огромните суми кои Владата ги троши на реклами, како и целисходноста на кампањите често се мета на остри критики и обвинувања за злоупотреба на државните ресурси за промотивни цели, протекционизам помеѓу избраните агенции, особено агенцијата Република, тазе фирма која се прослави како прв избор за соработник во сите владини кампањи.

Рекламната “треска” на Владата започна во 2008 година. 11 кампањи во само една година буџетот го чинеа речиси 7 милиони евра. Сумите во табелите кои следат подолу се во евра.

Се разбира, маркетинг активностите не престануваат тука. Засега, кампањата за промоција на семејните вредности е првиот половина милион кој се потроши годинава. Еве колку пари се потрошија изминатите три години на разноразни кампањи, од промоција на реформи во одделни области, па се до поттикнување на креативните мисли кај граѓаните.

Табелите погоре ги претставуваат само парите кои се потрошени преку Генералниот секретаријат на Владата. Ниту останатите институции не останаа имуни на рекламната “треска”.

Наголемо се рекламираат активности на министерства, општини и јавни претпријатија, а се оди дотаму што некои од рекламите се тотално апсурдни во смисла на цел. Како на пример, кампањите на Електраните на Македонија – запознавање на граѓаните со нивните активности. Еве ги топ 4 институциите кои потрошиле најмногу пари за рекламирање.

Овие табели се составени со помош на податоците достапни на Бирото за јавни набавки. Но, бројките ни оддалеку не ја отсликуваат вкупната потрошена сума на владата и институциите за кампањите.

Колку трошат други институциите, колку трошат општините и кои се топ три агенциите кои речиси секогаш победуваат на тендерите за реклами ќе читате во Нова во наредните денови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.