Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема ли вредности без плукање!?

0
By Нова ТВ on December 14, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оваа македонска власт има сериозна демократска фалинка и таа ќе падне, ама на демократски начин. Власта треба да биде поразена на избори. Колку и да изгледа невозможно, со оглед на речиси целосната владина контрола врз сите општествени текови, тоа ќе се случи. Ама неминовно ќе се случи, па макар и да отворат уште два затвора во Македонија.

Нејсе, секогаш сум сметал дека воопшто не е доблесно да се критикуваат критичарите на власта или активистите на опозицијата. Посебно не во услови на ваква страшна доминација на власта каква што е во Македонија.

Но, иако е разбирливо чувството на немоќ на опозицијата, таа мора да разбере дека ако сака да биде власт, тогаш мора да биде 100 насто различна од оваа власт. Мора да биде без компромисно демократски ориентирана. Мора да биде различна со идеји, програма, однесување. Ама не само преку говорите на лидерот или партиските првенци, или преку програмата што ја промовираат, туку и во односот кон случувањата на теренот.

Не може, господа, од опозицијата да реагирате на вулгарностите на Мирка а да молчите кога истото го прават оние другите само затоа што ви одговараат нивните ставовите. На Македонија не и треба нов Груевски, ама скраја да е и од нови Миленковци и Латасовци. Нивните навреди не треба да бидат повод за нови навреди. Така не се создаваат нови вредности.

Та налет нека е промената ако на Миленко и на Латас треба да им се спротивстават со некави нивни антиподи, без разлика колкав степен на вистина има во тоа што го зборуваат.

Па од вулгаризмите и гнасотилаците на владините „перачи на мозок“ треба да се ослободи општеството.

Ама да се ослободиме, а не да ги смениме со други. Храбри биле демек тие што ја критикувале власта со пцости и вулгаризми!?

Аман бе, па од Фејсбук направивте политика. Гачките искажани на профилите на социјалните мрежи станаа институционална вредност. Не дека немаат вредност, јавноста, новинарството, треба да е многу повеќе од пцости и гачки на необразовани таканаречени новинари.

Ако навистина сакате да сте му посветени на народот, на средната класа , на слобода и демократија, вашите активисти нека ја намалат егзалтацијата од бруталните говори, пишувања и плукањата на новите “новинаришта” само затоа што маваат по спротивната страна. Докажете дека не сте популисти, макијавелисти како овие од власта.

Не ги подржувајте господа, пратеници, активисти и симпатизери, плукачите од која било позиција да плукаат. Така агонијата само продолжува.

Зоран Ќука
aвторот е новинар

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.