Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата закочи на придавката „македонски“: Македонските експерти не ги потпишуваат записниците без тоа

0
By Нова ТВ on December 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не се постигнати нови заклучоци по дводневното заседавање на заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу С Македонија и Бугарија. Членовите на Комисијата заглавиле на една техничка пречка и една суштинска точка.

Како што информираа копретседавачите на Комисијата, Ангел Димитров и Драги Ѓоргиев на прес- конференцијата, не е направен никаков напредок. Македонската страна одбила да ги потпише и записниците од деветтиот и десеттиот состанок (досега се одржани 11), бидејќи нивните бугарски колеги одбивале да се користи придавката – македонски.

„Резултатот од 11. средба е нула. Немаме направено ниту минијатурен чекор. Една од причините за тоа, иако изгледа техничка, сепак е политичка. Од 9-та средба наваму нашите колеги од македонската страна одбиваат да ги потпишат записниците. Тие настојуваа насекаде да се стави ‘македонски’, а тоа не е во согласност со востановената практика. Со одбивањето на потпишување на записниците се става под сомнеж нашата работа, бидејќи без документ за тоа што е дискутирано и какви одлуки се донесени на нашите средби ги прават работите несигурни“, рече копретседавачот на Комисијата, Ангел Димитров.

Копретседавачот Драги Ѓоргиев рече дека иако на средбите имало повеќеслојни дискусии, за жал, напредок нема. Тој додаде дека и во услови кога нема заклучоци од одредени состаноци, може да се толкува дека покажува нешто. Тој укажа на тоа дека поголемиот дел од средбите се дискутирало за записниците.

„Тука главен проблем е употребата на придавката ‘македонски’, бидејќи постои различно толкување на Преспанскиот договор. Употребата на придавката ‘македонски’ од страна бугарските колеги е лимитирана целосно, без оглед како е тоа запишано во Преспанскиот договор и како тоа се толкува од наша страна. Бугарските колеги тоа почнаа го практикуваат по 6. средба, иако ние не бевме информирани, ниту бевме консултирани“, рече Ѓоргиев и додаде дека за воа не било информирано ниту македонското Министерство за надворешни работи.

Ѓоргиев тука појасни дека се работи за ситуации каде требало да се употреби макеоднска културна традиција, макеоднска истоорја, јазик, народ.

И цар Самоил на масата

Копретседавачот Димитров додаде дека бугарската страна има забелешки околу 14 точки, а сега се на 4. точка која е поврзана со цар Самоил и заврши без договор. Според Ѓоргиев пак, за цар Самоил, главниот проблем е што бугарските колеги инсистираат во учебнците да влезе само нивната перспектива, а се избегнува внесување на мултиперспективноста во однос на оваа историска личност, на што инсистираат македонските експерти.

„За жал и тука не постигнавме согласност. Главниот проблем е во тоа што, според мене, се избегнува внесување мултиперспективност во учебниците по историја. Идејата да се наметне само едно видување, резултираше со непостигнување резултати за оваа забелешка на бугарските колеги. Беа разменети неколку предлози и варијанти на препораката за тој дел од нашата историја, но се покажа дека имаме апсолутно спротиставени ставови за тоа како треба да изгледаат идните учебници“, рече Ѓоргиев.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали досега до владите се испратени некакви препораки, Ѓоргиев рече дека тоа е направено за бугарските учебници за петти и шести клас и за учебникот за шесто одделение во македонското образование за кои е постигната согласност за спорните делови.

Димитров пак, напредокот го лоцираше според историски периоди и рече дека тој е минорен и само во однос на праисторијата и антиката, додека допрва следуваат покомлицираните периоди како среднвековието, османлискиот период и помодерната епоха. На ова реагираше Жоргиев кој рече дека попрецизно е напредокот да се лоцира преку учебницие, бидејќи во различни учебници тие периоди не се совпаѓаат.

Обајцата копретседатели најавија дека во следните денови ќе се состанат повторно, но во помал состав за да се лоцира проблемот и да се најде излез од оваа, како што ја нарече Димитров, непријатна ситуација за двете страни, за да се покаже дека сериозно се посветени на нивната работа.

извор: 360степени.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.