Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија го отфрлила предлогот за прекин на огнот за време на велигденските празници, но додаде дека тој сè уште има надеж за мир.
„За жал, Русија го отфрли предлогот за воспоставување велигденско примирје. Ова многу добро покажува како лидерите на оваа земја всушност се однесуваат кон христијанската вера и еден од најсреќните и најважните празници. Но, ние не губиме надеж. Надеж за мир, надеж дека животот ќе ја победи смртта“, порача Зеленски.
Тој исто така ја обвини Русија дека планира да фалсификува референдум за независност во окупираните јужни региони Херсон и Запорожје.
Зеленски ги повика жителите на тие области под руска окупација да не им даваат на руските сили какви било лични информации, како што се броевите на пасошите