Нема да се одржи референдумот во општина Дојран на кој граѓаните треба да се изјаснат дали се за или против отворање рудници кој беше закажан за недела. Градоначалникот Борче Стамов, не ја потпишал одлуката на Советот за рефендумско изјаснување на граѓаните, ниту пак ја објавил во службениот гласник на општината.
Стамов ова им го соопштил на советниците денеска објаснувајки дека се водел од препораките на државниот инспекторат за локална самоуправа, дека одлуките на Советите после 24 март не се легитимни. Од друга страна, советниците од СДСМ побарале свикување вонредна седница најдоцна до следниот понеделиник, за градоначалникот даде одговор зошто не ја потпишал одлуката, како можност за донесување нова одлука за референдум. И во Валандово не е свикана седница за да распише референдум иако ги има потребните потписи. Заради тоа граѓанските активисти утре во 11 часот ќе ја блокираат делницата Вландово – Пирава.