По разговорот со Противпожарна Бригада Скопје и дежурниот противпожарен офицер информирани сме дека немало никаква интервенција во ГОБ 8ми Септември Скопје, соопштија од градската општата болница.
„Димот што бил виден е од издувниот оџак кој е од котлите кои ја снабдуваат болницата со техничка пареа“, соопштија од градската општата болница 8ми Септември.
Порталот Курир иако вчера објави дека командантот на скопската противпожарна бригада Благоја Менковски за Курир изјавил дека нивна единица интервенирала при пожарот, подоцна излезе со демант дека немало интервенција, а објавените фотографии ги во редакцијата им ги испратил нивни читател.