Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Немири на трибините во Гелзенкирхен поради македонско знаме

0
By Нова ТВ on August 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Речиси 100 полициски службеници навлегоа во трибините растргнувајќи ги со солзавец навивачите на фудбалскиот клуб Шалке 04 на синоќешниот натпревар од Лигата на Шампионите против грчки ПАОК.

Во 75-та минута, навивачите на клубот од Гелзенкирхен извадоа македонско знаме.

Кога интернационалецот на Словачка, Мирослав Шток погоди за израмнување на резултатот на 1-1, по преголемата бука на стадионот Велтинс-Арена, се чинеше дека домашните навивачи се свртеа против својот клуб, но всушност се се должеше на инцидентот на трибините.

Во соопштение издадено после натпреварот, Шалке се обидоа да ја разјаснат ситуацијата.

„Навивачите извадија банер „Комити Скопје“, бидејќи нашите и навивачите од Скопје се побратимени“, се вели во соопштението.

Клубот од Гелзенкирхен ја осуди полициската операција нарекувајќи ја „прекумерена“.

„Преку овој банер, навивачите на ПАОК се почувствуваа силно испровоцирани. Ситуацијата на едниот крај ескалираше, а грчките навивачи се заканија дека ќе ја напднат трибината на домашните навивачи. Мора да се напомене дека и на другата страна, кај гостинските навивачи имаше огномети и бакли кои провоцираа“.

Банерот со старото македонско знаме со Сонцето на Вергина, беше употребувано од 1992 до 1995 година како симбол за Република Македонија.

„За време на почетните минути од натпреварот, забележавме банер – силно навредлив за грчките навивачи“, изјави портпаролката на полицијата од Гелзенкирхен.

Запрашана како едно македонско знаме би можело да предизвика ваков инцидент, таа изјавила „Тоа не смеам да ви кажам сега“.

„Оваа операција беше прекумерена, ние не ја разбираме. Бараме итен разговор, инцидентот мора да биде разгледуван“, изјави Питер Питерс, член на извршниот одбор на Шалке.

Членот на претседателството на Шалке 04, Хорст Хелт, ја критикуваше полицијата и рече дека е зачуден што таа интервенирала во делот каде што се наоѓале домашните навивачи, зашто, како што нагласи, тој слушал експлозии од пиротехнички материјали на другата страна од стадионот.

„Ако нашите навивачи на викендот во Хановер однесат знаме од Ајнтрахт Брауншвајг, дали и тогаш ќе интервенираат 200 полицајци?“, прашува Хелт.

Повредени се неколку луѓе, а Скај Спортс известуваше дека млада девојка е префрлена на интензивна нега по синоќешниот инцидент.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025
ФОКУС

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

ВЕСТИ October 14, 2025

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера попладне во обраќањето на Инвестицискиот форум…

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025
ТИКЕР

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.