Полицијата спречи толпата која маршираше низ Ѓорче Петров да се пробие до мостот кој води кон Сарај. Толпата составена од претежно млади, околу 18 часот се собра во близина на црквата во населбата, по што се упати кон домот на убиеното момче каде запалија свеќи.
Продолжија кон мостот каде што по мал судир, полицијата воспостави ред и толпата се повлече.