Според соопштението на шведската полиција приведени биле осум лица кои учествувале во напади врз полицијата, додека едно лице било уапсено под сомнение за предизвикан пожар во зграда на локалниот културен центар.
Повеќе десетици млади во знак на протест против полицијата, која на 13 мај уби 69-годишен маж во населбата Хусби, фрлале со камења врз полицијата и палеле продавници и автомобили.
Околу 30 возила во неколку населби во Стокхолм, во кои претежно живеат имигранти, биле оштетени.
Шведските експерти сметаат дека немирите во населбите со мнозинство имигранти се должи на зголемениот број невработени и ниското образование на имигрантите, како и растот на расистичките ставови во земјата.