Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Необучен патник слета авион на Флорида откако на пилотот му се слоши

0
By Соња Крамарска on May 12, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Патник без искуство во летање слетал авион на Флорида откако пилотот се онесвестил. Во аудио-снимката од летот, се слуша како патникот Дарен Харисон и кажува на контролата на летање дека се случува „сериозна ситуација“.

Контролорот на летање му помогнал на човекот да го спушти авионот на меѓународниот аеродром во Палм Бич. Тие двајца подоцна се сретнале на аеродромот и се сликаа гушнати.

Пилотот, пак, заврши во болница.

Разговорот помеѓу Харисон и контролата на летање кој им беше даден на увид на медиумите, сликовито ја опиша драмата што се случувала во тие неколку минути.

Харисон: „Имам сериозна ситуација овде. Пилотот стана неконтактибилен. Немам идеја како да управувам со авионот“.

Контрола: „333 Лима Делта, Роџер, каква е вашата позиција?”

Харисон: „Немам поим. Можам да го видам брегот на Флорида пред мене, но немам поим“.

Контрола: „Одржувајте ги крилата прави и само обидете се да го следите брегот, или кон север или кон југ. Се обидуваме да ве лоцираме“.

Роберт Морган, контролор на летање на меѓународниот аеродром во Палм Бич, бил на одмор кога еден колега дошол да го извести за ситуацијата. Тој бил долгогодишен инструктор за летање со повеќе од 20 години искуство, но  никогаш не летал со конкретниот модел – Cessna 208 со еден мотор – но нашол мапа на пилотската кабина на авионот според која му давал на патникот инструкции како да го спушти авионот.

„Знаев дека авионот лета како и секој друг авион. Знаев само дека морам да го задржам патникот смирен, да му укажам на пистата и да му кажам како да ја намали брзината за да може да се спушти и да слета“, изјави Морган за медиумите.

На снимката се слуша како Морган го учи човекот да „притиска напред на контролите и да се спушта со многу бавна брзина“ додека се приближува за слетување.

По слетувањето на авионот, на снимката може да се слушне како Морган го фали херојскиот патник на другите пилоти долу на земјата. „Дали рековте дека патник го приземјил авионот? О, Боже мој. Одлична работа“, коментирале пилотите.

авион Палм бич
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.