Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неодговорноста како принцип на владеење

0
By Нова ТВ on July 3, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Колумна на НОВА на проф. Калина Малеска 

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на кратењето на дел од ИПА фондовите крајно прецизно го доловува суштинскиот принцип на владеење на оваа партија: неодговорноста.

Кога партија на власт, а власта по дефиниција е најодговорна од сите политички фактори за случувањата во државата, ќе соопшти (директно или индиректно) дека не чувствува вина за скандал од толку големи размери во својата земја, тогаш е јасно дека димензиите на нејзина неодговорност се чудовишни и дека има изгубено целосна врска со реалноста.

Она што притоа го прави: прво, бегање од аргументите; и, второ, префрлување на одговорноста на други политички и општествени фактори – е ништо помалку од кукавичлук. Притоа, зборот кукавичлук воопшто нема емотивен набој, туку е недвосмислен факт.

Имено, прво, владата буквално бега од сите аргументи што се презентираат: на пример, додека со месеци од различни страни читаме барања владата да образложи според кои истражувања е потребно отворање на нов државен универзитет „Дамјан Груев“ со сите наведени студиски програми, таа не се одважи да укаже на тоа дали воопшто се спроведени такви истражувања.

Кога се појавија информации во јавноста дека на луѓе вработени во администрацијата им се испраќани пораки задолжително да присуствуваат на контрапротести, владејачката партија не соопшти докази за да го негира тоа.

Место аргументи, Владата секогаш ги повторува истите зборови од своите соопштенија, никогаш не осврнувајќи се на тоа конкретно да одговори на некое обвинување или аргумент презентиран против нејзиното соопштение. Со тоа се создава впечаток за постоење на два паралелни света: едниот во кој функционира реалноста; и другиот во кој ВМРО-ДПМНЕ егзистира и ја игнорира реалноста.

Владејачката партија бега од аргументите или затоа што не ги перцепира или затоа што е сосем свесна (и се плаши) дека нема капацитет да им се спротивстави на аргументите зашто тие ќе ја прегазат целата нелогичност на нејзините соопштенија. Така, среде нелегитимни избори на СПУКМ и кратење на ИПА фондови, владата, како да не постои реалноста околу неа, си донесува одлука за воспоставување на нов универзитет и одлука за барокна фасада на ГТЦ. Тоа е рамно или на лудило или на кукавичлук.

Второ, владата за сите проблеми секогаш ги обвинува другите: опозицијата за скратувањето на ИПА фондовите, демонстрантитеза влошување на економската состојба, новинарите за необјективно информирање,  професорите за недоволна посветеност на научна работа.

Единствено одговорна и храбра власт може да преземе одговорност за проблемите во едно општество. Единствено одговорна власт може да преземе одговорност за европските санкции врз Македонија и да ги нарече со вистинскиот збор – санкции – а не да ги релативизира случувањата.

Единствено одговорна власт би се запрашала зошто толку голем број луѓе се незадоволни за да секојдневно излегуваат на протести, и секојдневно би се обидувала да ги реши проблемите. Единствено одговорна власт би ги вложила сите напори за да одговри на аргументираните прашања на објективните новинари и би се срамела на своја страна да има необјективни новинари што ја извртуваат вистината.

Единствено одговорна власт би презела мерки за да овозможи услови за развој на науката.

Што е најважно, единствено одговорна власт би ги заборавила сите скулптури, барокни зданија и провизии за да ги подобри условите во здравството, најболната точка и најголемиот приоритет во македонското општество, со штосигурно би биле избегнати многу трагедии во иднина.

Тешко е да се очекува дека партиски членови осомничени за тешки криминали дејства воопшто ќе се грижат за аргументи или ќе направат нешто што е добро за граѓаните на Македонија, но затоа можеби граѓаните кои не се вмешани во криминални дела, а ја поддржуваат Владата, ќе се запрашат за аргументите зошто ја поддржуваат. Сигурна сум дека, ако се искрени со себе, нема да најдат ниту еден таков аргумент.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.