Од извори на најтесното раководство на СДСМ, НОВА неофицијално дознава дека Зоран Заев е избран за претседател на Партијата во првиот круг од гласањето.
Официјалните резултати се очекуваат за десетина минути. Извештајот од гласањето се уште се подготвува зашто тој ќе ги содржи и имињата на избраните членови на Централниот и Надзорниот одбор на СДСМ, за кои, исто така, се гласаше денеска на 14-иот Конгрес.