Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) и Општина Центар во текот на минатата недела, во соработка со сообраќајната полиција – Скопје, санкционираа 238 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„„Пајак“ службата притоа отстранила 101 возило, а на 137 биле поставени т.н. „блокатори““, информираат од ПОЦ.
Возилата, како што е наведено во нивното соопштение биле затекнати во резидентни зони, а лицата кои ги управувале не биле резиденти во секторот во кој се паркирале.