Со солзавец и шок бомби полицијата во обид да ја растера групата на демонстранти кои денеска пред зградaта на владата излегоа да го изразат својот револт против хулиганите кои вчера нападнаа Албанци на која се бараше промена на министерот за одбарана Талат Џафери.
Во еден момент протестот излезе од контрола кога групата почна на фрла со камења врз зградата на Владата и околните згради. Искршен е инвентарот на автобуската постојка пред владата.
Полицијата без да утреби насилство се обиде да ја истисне групата за таа сама да се повлече во правец на мостот Гоце Делчев.
Но, во еден момент се излезе од контрола и групата почна да мава со камења врз полицијата.
Кога групата беше кај Музејот на Холокаустот, во тој дел од мостот, настана хаос и полицијата употреби димни бомби и солзавец за да ја разбие групата. Еден полицаец беше повреден, а неколку приватни возила се превртени.
Групата фрлаше камења и врз објектите од проектот Скопје 2014.
Во моментот ситуацијата се стабилизира, но 100-тина полицајци се се уште на мостот Гоце Делчев.
Репортерот на НОВА, Сашка Цветковска,е на терен, подоцна следуваат повеќе детали.
(Фотографијата е архива на НОВА)