Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Несекси вистината за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел

0
By Светлана Јовановска on March 25, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчера во Брисел, во Европскиот парламент (ЕП), СДСМ не беше осудена поради бојкотот на Собранието ниту пак ВМРО-ДПМНЕ беше осудена за својот недостиг во примената на демократијата.

Немаше ни шлаканици ни декларации ни осуди. Имаше само политички културни говори на пратеници од Европскиот парламент и на оние од балканските земји кои ги изнесоа своите ставови околу политичките дијалог и култура, според насловот што го носеше семинарот.

Нема сомнение дека поводот за овој настан беше токму македонската криза. Но, сепак, да не се “фалиме” дека сме најлоши помеѓу лошите. Политички кризи има и во другите балкански земји. Оттука, сите говори на европските пратеници беа пораки за сите балкански учесници а не само за македонската опозиција како што нé уверуваа вчера медиумите блиски до власта.

Така, во барањата беа подвлечени генералните принципи на демократијата: дека власта, насекаде, мора да и обезбеди на опозицијата добри услови за работа, дека бојкотот, никаде, не е добар метод на делување, дека судството и медиумите мораат да добијат простор за независна работа.

Истовремено оваа можност беше искористена за контакти на маргините на семинарот помеѓу македонските пратеници од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во обид да се најде точка околу која двете завадени партии би можеле да седнат и да почнат да разговараат. Разговор кој би бил мирен и конструктивен и кој би отворил пат за решавање на кризата.

Двете партии на овој семинар ги кажаа своите позиции околу тоа од каде треба да се почне за да се тргне во преговори. Позициите нам во Македонија ни се добро познат. ВМРО-ДПМНЕ смета дека не треба да се доведуваат во прашање изборните резултати и дека во план не им се оставки. СДСМ повтори дека без оставки дијалогот е невозможен и дека партијата не им верува на договорите со ВМРО-ДПМНЕ.

Помеѓу овие две спротиставени позиции ЕП ќе бара компромис.

Жал ми е што немам некоја “секси” вест од овој семинар. Но политиката не е многу секси кога работите се сериозни и кога препукувањата и навредите и шлаканиците и другите шармантни атрибути кои ги слушаме деновиве треба да се остават зад себе. Од проста причина што сите учесници во преговорите мораат и понатаму да бидат на политичката сцена и еден ден повторно да соработуваат.

Многумина ќе речат дека од ВМРО-ДПМНЕ, на снимките што ги објави СДСМ, слушнавме многу зли и мачни разговори така што нивната политичка кариера тука мора да заврши.

Во ЕП тоа не е и нема да биде тема. Дали и кој и како ќе учествува на македонската политичка сцена ќе мора да се одлучи во Македонија а не во Брисел. Токму поради тоа што идниот можен договор не смее да биде нова “тоалетна хартија” туку документ за иднината на земјата што сите длабоко ќе го почитуваат.

Но за да се дојде до тој документ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе мораат да седнат на маса и да се договорат.

Овој семинар не беше судски процес од кој едни излегуваат виновни а други невини и не се зборуваше ниту за криминал, ниту за објавените снимки. Имаше неколку забелешки кои инсистираа на независност на судството и медиумите токму за да може еден ден да се чуе и независниот збор на правдата.

Присутните европски пратеници намерно избегнуваа да даваат изјави за македонските медиуми стравувајќи дека нивните изјави ќе бидат злоупотребени. Ако се суди според известувањето на медиумите блиски до власта, тие беа во право.

Конечно, еве го и мојот кус заклучок од семинарот во ЕП.

Никој во ЕУ не поддржува бојкот. Но никој во ЕУ не го поддржува ни однесувањето на власта кон опозицијата и сите оние кои не мислат исто што и власта.

Добро е што ЕП нé смета за доволно зрели сами да ја решиме кризата. Во спротивно, Македонија ќе заслужи европска медијација со вистински медијатори кои кај нас ќе дојдат со предлози што ќе треба да се прифатат.

Во Европа ова никој не го посакува. Брисел искрено се надева дека мекото парламентарно европско олеснување ќе даде резултат. Следната епизода од Брисел ќе може да се следи во понеделник бидејќи секоја војна во светот завршува со преговори. Па така ќе биде и со оваа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.