Осумнаесетгодишен навивач на фудбалскиот клуб Раднички 1923 од Крагуевац почина откако му се слошило за време на натпреварот во Ивањица.
Во 56тата минута од натпреварот, на навивачот на Раднички му се слошило, по што му помагале сонародниците околу него за да ја помине оградата како би му се укажало помош од страна на лекарите. Во тој момент, судијата го прекинал натпреварот.
Иако Брза помош реагирале веднаш, младото момче починало. Според известувањата на српските медиуми, немало трага од насилна смрт.
Според Директорот на болницата, момчето било донесено без пулс, а реанимацијата траела повеќе од еден час, но за жал на крајот била констатирана смрт. Натпреварот бил прекинат на пет минути, а по паузата завршил без победник.