Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Невкусна политичка парада на Спасовски и Фицо пред море од очајни луѓе

0
By Сашка Цветковска on March 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утрово на граничниот премин со Грција во Гевгелија се одржа средба помеѓу македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и словачкиот премиер Роберт Фицо придружуван од словачкиот министер за внатрешни, како и бројна делегација која го вклучуваше кабинетот на Фицо, чета словачки полицајци и екипи словачки новинари.

Домаќинот и гостинот прво направија обиколка во речиси празниот камп на македонска територија. Гостите ги гледаа новите шатори поставени со странска помош пред околу 7 месеци кога на територијата на Македонија минуваа по десетици илјади бегалци дневно. Прес конференцијата беше закажана во 9 30 часот утрово внатре во кампот, а целта на посетата опишана како „продлабочување на соработката во светло на мигрантската криза“.

Неколку минути пред најавената конференција, домаќините известија дека се менува локацијата и дека Спасовски и делегацијата од Словачка на чело со премиерот ќе отидат до граничниот премин со Грција.

Таму ги дочека море од очaјни луѓе.

– Ве молиме, ве молиме, пуштете не, немаме каде, ќе умреме овде. Ве молиме, имајте милост, илјадници бегалци безнадежно викаа по високите функционери залепени со лицата на бодликавата ограда пред која што стоеја Спасовски и словачкиот премиер.

Гостите ја разгледуваа оградата и разговараа со присутните дежурни полицајци, додека камерите се местеа пред очите на бегалците да го одржат пресот. Вчудоневидувањето на новинарите од големите светски медиумски куќи не можеше да се скрие.

– Ова е катастрофа од конференција, зарем навистина овде ќе одржат прес, рече новинарот на Скајњус, Џон Спакс.

Со исклучок на снимателите и фотографите, ниедно друго око не беше свртено кон бегалците на оградата. Немаше ниту формална загриженост или по некој збор со луѓето од другата страна.

Спасовски изрази задоволство од соработката со Вишеградската група – така се нарекуваат земјите од ЕУ (Словачка, Чешка, Полска, Унгарија, Словенија) кои ја заговараат идејата за преместување на границата на шенген зоната на македонската јужна граница со Грција и ја одбиваат идејата на другиот блок земји на ЕУ на чело со Германија, кои пак, бараат утврдени квоти за прием на бегалци во секоја земја членка. Во моментов, Македонија не пропушта бегалци или пропушта, како денес, по неколку десетина дневно, бидејќи Австрија не прима повеќе од 80 на ден. Отсуството на решенија во самата ЕУ неспорно влијае и на тоа дали Македонија ќе ја држи отворена границата и колку бегалци ќе пропушта на ден бидејќи земјите од рутата по Македонија верижно ги затвораат границите во зависност од тоа колку е дневната бројка на прием на Австрија.

Фико задоволно се фотографираше пред оградата која ја претставува идејата на Вишеградската група која тој ја застапува, додека Спасовски одговараше на прашања. Словачкиот премиер следната недела го чекаат избори во трка во која омразата кон бегалците и Меркел носи поени. Спасовски, пак, рече дека доколку бегалците пак се обидат да ја пробијат оградата и да ги нападнат полицајците, тие ќе возвратат сериозно и дека негов интерес се македонските граѓани. Ја повика ЕУ на решенија и рече дека ова е не е проблем на Македонија и , оттука, Македонија не може да биде решението туку истото треба да се бара во изворот на проблемот.

Пред камерите беа пропуштени дваесетина бегалци. Политичарите споделија насмевки и се поздравија пред очите на камерите и заминаа, а додека бегалците се тргнаа од оградата и се вратија во кампот.

Таму, од другата страна, состојбата станува се поочајна и поочајна. Ако вчера утрото бројот на бегалци во Идомени беше 7,000, денеска попладне дојде до 12,000. Се чекаат редици долги по километар за да се добие преглед од лекар или да се земе сендвич или чај. Кампот во Идомени ниту одблиску не изгледа како кампот во Гевгелија. Бројот на луѓе не е единственото нешто што ја прави разликата. Ако во Грција има 12,000 до попладнево, во македонскиот камп има 170 луѓе. Ако во Грција има само неколку не толку добро опремени поголеми шатори без вода и со ограничен пристап до храна и медицинкса помош, македоснкиот камп има дури и бесплатна интернет мрежа.

– Не можам да верувам колку е убаво овде, поубаво навистина, ќе се одмориме, толку сум уморна, десет дена бев во Идомени, ужасно е, во моментов веќе не ми е гајле колку треба да останам овде, рече една жена од Ирак која со својата малолетна ќерка беше една од малкуте среќници кои утрово ја преминаа македонската граница.

Грчките трговци намирисаа бизнис и од вчера таму има поставено мали приколки во кои се продаваат сендвичи, а грчките земјоделци во камиони носат компири, банани, домати. Сето ова – по непазарни солени цени. Дел од бегалците тука се заглавени повеќе од десет дена, па во кампот веќе се варат супи, се перат и сушат алишта на импровизирани сушални. Оние посреќните и поимотните купуват шатори и не мораат да спијат во кампот од кој се шири неподнослива реа и кој врие од ѓубре додека илјадници деца седат врз него и чекаат прием на лекар.

Условите не се подобруваат, бројот на бегалци расте секој ден и ситуацијата е навистина безнадежна, a утрото на македонската граница со македонските и словачките функционери уште еднаш го покажа неединството на Европската унија по ова сериозно прашање.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.