Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Невообичаен мирис и вкус на водата во Тетово, ЦЈЗ препорача да не се користи додека не завршат анализите

0
By Ivana on November 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се повторува ситуацијата во есенскиот период, водата во Тетово да добие невообичаен вкус и мирис за што и доцна вечерва се правени анализи во тетовскиот Центар за јавно здравје при што првичните параметри се во ред, но се вршат и дополнителни анализи.

Оваа појава првпат беше забележана во 2017 година кога Центарот за јавно здравје утврди дека непријатниот мирис и вкус доаѓа од вегетацијата, односно најмногу од лисјата од дрвјата што паѓаат во зафатот на водата кај месноста Лешница, од каде се зема вода за новиот водоснабдителен систем.

-Првичните анализи се добри, но годинава е најинтензивна промената на вкусот. Препорака е, но не е забрана – да не се употребува за пиење се до добивање на конечни резултати. Препорачавме комуналното претријатие да го исклучи дотокот на вода во мрежата кој доаѓа преку новиот водоснабдителен систем, кој пак зема вода од планинската река Лешница. Тоа и го направија од комуналното претријатие и мислам дека до утре изутрина ќе биде подобра состојбата со вкусот и мирисот, изјави д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија.

Тој потсетува дека веќе петта година се случува во периодот октомври-ноември да има ваква промена кај водата.

-Досега непријатниот мирис и вкус доаѓаше од вегетацијата, односно најмногу од лисјата од дрвјата што паѓаат во зафатот на водата кај месноста Лешница. Притоа доаѓа до нивно распаѓање кое ги создава непријатниот вкус и мирис. Бактериолошки и хемиско-физички водата е исправна за пиење и сега, но повторувам се прават дополнителни анализи, изјави д-р Давидовски.

Центарот секојдневно прави контрола на квалитетот на водата во градскиот водовод. Оваа појава минатите години се надминуваше и со засилено хлорирање, а според досегашните искуства непријатниот мирис и вкус исчезнуваше за неколку дена.

И во светската теорија и пракса, постојат вакви примери кога се користат површински води, како што е со новиот водоснабдителен систем кој зема вода од планинските реки. Озонирање или користење на јагленов филтер е можноста да се отстрани непријатниот мирис и вкус.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.