Неколку млади невработени струмичани креатори на најдобри бизнис планови денеска беа наградени со ваучери од општина Струмица во износ од 60.000 денари.
Општината објави Јавен повик и по двомесечна соодветна експертска обука на пријавените кандидати и претставување на бизнис плановите пред стручна комисија, оваа можност денеска беше финализирана до крај.
Градоначалникот Костадин Костадинов им посака успешна реализација на нивните бизнис планови со најава дека и натаму општината ќе продолжи да ги поттикнува младите со нивните бизнис идеи.