Едно лице загина, а дванаесет се повредени од ураганот кој го погоди централниот дел на Бугарија.
Во Габрово една жена почина откако врз неа падна столб на паркинг,а две се потешко повредени.
Над 73 000 домаќинства остана без електрична енергија, а од силното невреме запрен е и железничкиот сообраќај.
Силниот ветар кој корнел дрвја, оштетил покрив на една болница, по што пациентите се евакуирани. Невремето кое беснее во Бугарија причини голема материјална штета на многу објекти и куќи.