Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Независен: Владините функционери се фрлија на шетање, перверзно трошат позајмени пари

0
By Zoran Ivanov on May 23, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Делегацијата на ЕКСПО  во Јапонија беше толку бројна што медиумите не успеаја ни да ја пребројат, а парите што беа потрошени за неа никој не ги соопшти. Уште понеодговорно е кога патуваат на туѓа сметка, односно патот им го финансираат други влади кои потоа очекуваат да им возвратат со некакви привилегии или сојузништва. 

Владините функционери се фрлија на шетање, секоја недела има по неколку делегации во странство.

Само неделата Стојанче Ангелов се јави од Јапонија, каде што имал посета на верски храм и се сликал со будистички монах, иако е одговорен за справување со кризи во државата. Во Лондон се вицепремиерот Александар Николоски и министерката за образование Весна Јаневска, плус други членови на делгацијата.
Од Мароко пак се јави спикерот на Парламентот Африм Гаши кој оди во странство почесто од претседателката на државата, и тоа ни помалку ни повеќе – туку за да присуствува на Парламентарно-економскиот форум на Медитеранот, регион во кој не припаѓа Македонија. Од Кина се јави Марјан Ристески, заменик министер за економија со делегација, кој наводно се обидува на најбрзорастечката економија во светот со невиден обрт на стока за нас да и продаде производи од Македонија кои во Кина ќе стигнат веројатно по една година – бидејќи не ни функционира доставата. На Малта според последните информации е пратеничката Ане Василевска која учествува на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа.Практично патуваат функционери од сите ресори и од сите нивоа без добар повод и  без мерка.  

А, еве што извести Гаши од форумот во Мароко што е на толку добра туристичка локација (Маракеш) што е тешко да се одбие присуство: Форумот претставува важна платформа за унапредување на соработката меѓу медитеранските земји во области како што се економијата, демократијата и одржливиот развој. Во своето обраќање, претседателот Гаши истакна дека Северна Македонија, иако мала по територија, има големи амбиции и јасна визија за иднината.

„Ние ја разбираме моќта на поврзаноста – економска, политичка и човечка“, рече тој, нагласувајќи ја заложбата на државата за регионална соработка и заеднички просперитет.

Говорејќи за предизвиците со кои се соочува Медитеранскиот регион – климатските промени, миграциите, економските нееднаквости – претседателот Гаши повика на заеднички, прекугранични решенија и истакна дека ваквите форуми се можност за конкретна акција, не само за дискусија.

Еве, пак, зошто Стојанче Ангелов пред избори смени страна и сега се шета низ Јапонија:

Во серијалот патувања на државна сметка се и посетите на Гаши на Лондон (со повеќечлена парламентарна делегација), на Рим (исто така), на Вашингтон (со уште побројна делегација и со сопругата), на самитот на НАТО  и други.

За вицепремиерот Орхан Муртезани до скоро важеше дека „многу работи“, но во последно време неговите активности се поврзуваат со многу патувања во странство, без да се види дека има воопшто некаква моќ да ги мрдне напред преговорите на Македонија со ЕУ. Оди и таму кај што нема евроинтеграција бидејќи е добра дестинација, па како и другите беше во посета на Јапонија, покрај таа на Крит од каде што се пожали – дека многу му била кратка посетата.За него се шпекулира дека самоиницијативно си ги продолжувал престоите во странство и ги менувал хотелите ако не му се според замисленото ниво.

Често патува и неговата заменичка Викторија Трајков ,која отиде да се жали на неправедниот спор со Бугарија во Мармара, во Турција, која пак децении нема решение за своите преговори со Унијата и практично дигна раце од членството. Со толку потрошени пари за патувања не е ни чудо што сите почнаа преговори, а ние стоиме во место и земаме кредити.

Делегацијата на ЕКСПО  во Јапонија беше толку бројна што медиумите не успеаја ни да ја пребројат, а парите што беа потрошени за неа никој не ги соопшти. Уште понеодговорно е кога патуваат на туѓа сметка, односно патот им го финансираат други влади кои потоа очекуваат да им возвратат со некакви привилегии или сојузништва. Токму во моментов на неколку пратеници во ЕП им е одземен имунитетот и се судат бидејќи трампале политичко влијание за лична корист.

-Под параван на „меѓународно претставување“, власта на ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ повторно го злоупотребува државниот буџет за луксуз, комодитет и лични задоволства, додека народот преживува во услови на распаднато здравство, нефункционални институции и длабока сиромаштија. Овојпат, во Јапонија отпатуваа повеќе од 20 претставници на владата – министри, советници, портпароли и сопруги, на уште една раскошна, бесцелна и скапо платена „делегација“, чија реална корист за државата е непостоечка, велат од Левица. Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика – функционери со сопруги, службени патувања што мистериозно се совпаѓаат со туристички атракции, и сето тоа финансирано од народната каса. Очигледно, владиниот апарат станува алатка за лични „медени месеци“, каде државните интереси се само параван за раскошни уживања и неизживеани фотосесии, реагираше околу патувањето во Јапонија партијата Левица.

Текстот е сопственост на Независен.мк

владини функционери шетање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.