Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Независните синдикати за образование и наука и за полиција на заеднички марш за усогласување на платите

0
By Mirjana on March 19, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се усогласи минималната плата во пресметката на платата согласно колективните договори,  ова е клучното барање кое денес ги изнесе на протест  членовите на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) и Независниот синдикат на полицијата (НСП).

Учесниците на протестот се собраа пред хотелот Вип од каде се упатија пред зградата на Владата.

Од полицискиот синдикат побараа вредноста на бодот од 27 денари да биде покачен на 62 денари.

Генералниот секретар на НСП, Орце Коцевски рече дека иако ги доставиле барања до Владата за решавање на проблемите со кои се соочуват полициските службеници добиле известување дека тие се проследени кај министерот за внатрешни работи, кој, како што посочи, не игнорира 2,5 години.

-Ова е сумата со која што полицискиот службеник вас ве брани, се грижи за вашата безбедност и го изложува неговиот живот за вие да бидете живи и здрави. Во оваа сума помала од 400 евра му се тие мизерни 30 проценти овластување вклучително, храна, превоз, стаж. Платата на полицискиот службеник е 3 000 денари помала од основната плата од 18 илјади денари, рече Коцевски, покажувајќи транспарент „Живот на полицаец вреден 400 евра“.

Од Независниот синдикат за образование и наука го истакнаа проблемот со неусогласената минимална плата во секторот образование и најавија дека ќе продолжат со помасовни протести доколку не се реши проблемот се пресметување на платата.

–Денеска пред Владата, има огромен број просветни работници кои го искажуваат сопствениот револт поради ниската потпросечна плата и поради начинот на кој се прави пресметката за плата.Ако во нашата држава минималната плата е 18 000 денари повикуваме, апелираме и најавуваме дека од ден на ден ќе бидеме побројни тука доколку не се најде решение за просветниот работник конечно да добие достоинствена плата согласно законите и согласно животниот стандард, порача Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат за образование и наука.

Синдикалните претставници обвинија и дека не им било дозволено да постават шатори пред Владата.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев рече дека на 3-ти месецов испратиле барање за таа намена до градоначалникот и Советот на Град Скопје и директорите на јавните претпријатија  „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“, но оти „решението е затаено во административната лавиринтска постапка на Градот Скопје.

Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Марјан Ристески,пак, ја поздрави одлуката на просветните работници да се приклучат на протестот, а на останатите им порача да се охрабат да си ги побараат своите права.

(МИА)

 

 

НЕЗАВИСНИТЕ СИНДИКАТИ ЗА ПОЛИЦИЈА И ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА МАРШИРАА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.