155 милиони денари е долгот кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од оџите и поповите.
Исламската верска заедница и Македонската православна црква не должат, туку тие долгови се однесуваат само на оџите и поповите како физички лица.
Според директорот на ПИОМ, Беким Незири оџите должат 86 милиони денари, а поповите должат 69 на ПИОМ за неплатени придонеси.
-На Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, на основа на неплатени придонеси субјектите му должат негде околу 10,8 милијарди денари. Во оваа цифра влегуваат сите правни и други супбјекти, трговци поединци, земјоделци, оџи и попови“, рече Незири.
Тој ја најави законската измена со која сите оние кои до 31.12.2008 година не ги подмириле своите обврски за придонеси, ќе може до 31-ви мај да аплициираат за отпишување на каматата, со што ќе треба да ја платата само основната главнина.