Сите ликови и места се вистински вели Ниче Димовски – Македон, познат по своето тврдење дека го пронашол грбот на Александар Македонски, а кој овој пат го напиша текстот за стрипот за Александар. Цртежот за овој стрип албум е на Зоран Танев..
Изданието на 50 страни во колор го обработува животот на Александар од неговото раѓање до битката на Хиронеја кога имал само 16 години.
„Во ова стрип-издание автентично е прикажана содржината на едно време за детството и животот на Александар Македонски. Сите ликови, места (топоними, ороними, хидроними) се вистински, според постоечките записи, а најсликовито се прикажани клучните настани во една поврзана целина. Стрипот и овојпат ги докажува своите можности за визуелизација на истите, а дијалозите на ликовите ја даваат јачината на насликаното. Оттука, овој стрип-албум е четиво за сите возрасти“, порачуваат издавачите.
Тие најавуваат дека за животот на Александар Македонски се планира да се направат уште две стрип изданија.