Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ние претседателе Иванов ја сакаме Македонија, а Вие?

0
By Борјан Јовановски on March 28, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Антонио Милошовски утрово се огласи на Фејсбук предизвикан од лавината реакции на гафовите на претседателскиот кандидат Ѓорѓе Иванов при неговите јавни настапи во таканаречените „безбедни“ медиумски средини. Во потполност се согласувам со Милошовски кога вели дека гафови се случуваат во една динамична и физички исцрпувачка изборна кампања. Исто така, верувам дека Иванов не е човек кој не знае кој е Ширак и чиј претседател бил тој.

Гафот му се случи, меѓудругото, и од непродуктивниот комфор наспроти еден ТВ водител кој е „сигурен“, во смисла дека нема да изненади со било какво „непријатно“ прашање. Во таа смисла си дозволи и комотно да каже и тоа дека Казахстан е по територија поголем од Европа. И во овој случај сум сигурен дека Иванов знае дека Казахстан е помала територија од Европа, па сепак си дозволува да го искаже тоа повторно непродуктивно опуштен во безбедната медиумска средина.

Двата гафа откриваат неодговорност кон јавно искажаниот збор и, уште полошо, неодговорност кон граѓаните од кои се бара гласот. Оваа неодговорност на Иванов и целиот негов изборен штаб заедно со партијата која стои зад неговата кандидатура овој пат беше јасно препознаена од социјалните мрежи на кои духовито, но и невкусно беа дочекани гафовите на претседателскиот кандидат. Нивната опуштеност во широкиот безбеден медиумски простор кои самите го создадоа за да биде сервис на партиската машинерија овој пат им се удри од глава.

Слична епизода им се случи на локалните избори кога преку истите безбедни медиуми не бирајќи средства се обидоа да го дискредитираат Жерновски, по што следеше експлозија на реакции на социјалните мрежи кои ги мобилизираа неопределените и со тоа му ја обезбедија победата на кандидатот на опозицијата во општината Центар. Во двата случаја радува што се зголемува масата на општествено одговорни граѓани кои се погласно се спротивставуваат на обидите да бидат манипулирани и интелектуално навредувани во јавната комуникација.

Да се вратам на одбраната на Милошовски и обидот на изборниот штаб да го вратат Иванов од вителот во кој го повлекоа социјалните мрежи. Во вториот дел на несреќната одбрана Милошовски се обидува да го врати Иванов во перцепцијата на државник – претседател на сите граѓани, татко на нацијата, човек кој обединува и други атрибути достојни за еден шеф на држава. За жал, демагогијата и овој пат се препознава во првиот момент.

Ако Иванов е тој вистинскиот претседател на сите нас како тогаш изборниот штаб и ВМРО ДПМНЕ ќе ја оправдаат нивната одлука да ги игнорираат сите љубезно упатени покани до Иванов од страна на таканаречените „небезбедни“ медиуми какви што се Телма, 24Вести, нашата НОВА или Фокус? Ако Иванов сака да биде претседател на сите нас дали е тој оној кој што треба да се прилагоди на различните мислења кои се богатство за една демократија или пак, можеби сметаат дека се што мисли поинаку од партиската централа треба да биде суспендирано и прогласено за туѓо тело?

Ако Иванов навистина има намера да биде претседател на сите нас токму Телма , НОВА и Фокус треба да се негова цел каде што ќе им се обрати на стотиците илјади граѓани кои не се убедени во тоа што тој го зборува седнат наспроти сервилните ТВ водители кај кои што е гарантирано дека нема да отстапат од сценариото за интервјуто кое го дефинирал изборниот штаб. Соочувањето со различноста не е комфорно, но секако е пар екселанс интелектуален предизвик во кој секој еден сигурен во своите интелектуални капацитети ќе се обиде да се потврди негирајќи го аргументирано поинаквото мислење.

Игнорирањето на таканаречените „небезбедни“ медиуми и нивните читатели и гледачи е само израз на несигурност и уште полошо, кршење на фундаменталните принципи на демократијата вградени во нашиот Устав од кој произлегува и мандатот на кој претендира самиот Иванов. Не знам што реши Телма, дали го изгубија трпението или не, но Нова, Фокус и верувам уште некои од „небезбедните“ се уште ја држат подадена раката кон Иванов со цел не да го спасуваат него лично и неговите амбиции туку принципите и вредностите вградени во Уставот што е должност на секој еден кој ја сака Македонија. Ние претседателе ја сакаме, а Вие?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.