Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ниедна земја од ЕУ не ја поддржува, но Бугарија има право да блокира

0
By Нова ТВ on October 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За прв пат денеска темата за преговарачката рамка за Северна Македонија се најде на дневен ред на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, откако неколку недели се пеглаа ставовите на експертско ниво, јави дописничката на МИА од Брисел.

Дискусијата за проширувањето траела речиси два часа, бугарскиот амбасадор најдолго зборувал, пренесуваат дипломатски извори за МИА. Тој ја изложил бугарската позиција околу усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија, нагласувајќи дека Софија го оспорува краткото име на земјата (Бугарија смета дека земјата треба да се нарекува Република Северна Македонија во официјална комуникација, а не Северна Македонија) како и ословувањето на јазикот како македонски.

Според дипломатите присутни на денешниот амбасадорски совет во Брисел, ниедна земја членка не ја поддржува позицијата на Софија, бидејќи е вон надлежностите на ЕУ и мора да се реши билатерално. Но, потсетуваат дипломатите, правото на вето во Унијата на овие теми е засега неприкосновено, и Бугарија, доколку одлучи може да го блокира усвојувањето на рамката.

Останува отворено прашањето дали тоа би имало последици понатаму за односите на Бугарија со другите земји членки, објаснуваат дипломатите во Брисел.

– Не би имало директни последици, но можеби на Бугарија понатаму ќе и биде потребна помош при некое гласање, глас од некоја земја членка на друга тема, а доколку не покажувате добра волја со своите постапки, тоа си има своја цена, вели за МИА дипломат од една земја членка на ЕУ.

Софија засега настапува „конструктивно”, вели дипломат на друга земја членка на ЕУ со кој разговараше МИА. Софија тврди дека сака да изнајде решение со Скопје и да ги надмине разликите.

Амбасадорите ќе се навратат на прашањето за преговарачката рамка идната недела повторно, со надеж дека ќе има веќе некаков напредок дотогаш помеѓу двете страни, но потсетуваат дека одредени земји членки на ЕУ имаат забелешки на други теми поврзани за реформата на методологијата на преговарачкиот процес.

Во секој случај, од сите извори што ги консултираше МИА, излегува дека сите 26 земји членки поддржуваат одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија пред крајот на годината и покрај тоа што некои од нив имаат приговори за прашањата поврзани за методологијата.

-Но и оние земји кои имаат највеќе резерви за методологијата поддржуваат одржување на првата меѓувладина конференција со Скопје до крајот на 2020, велат дипломатите во Брисел.

Се забележува и поинтензивна дипломатска активност од страна на самите земји членки помеѓу Софија и Скопје, меѓу другото од страна на германската и австриската влада, кои се обидуваат да го помогнат изнаоѓањето заеднички прифатливо решение.

Никој во Брисел во овој момент не може да гарантира дека Софија нема да го блокира Скопје, но кај повеќето земји членки е јасно дека губењето на поддршката на јавноста во Северна Македонија, и генерално во земјите на западниот Балкан, е непосакувано сценарио за ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.