Денко Малески: Никогаш, од независноста наваму, македонските политичари не се однесувале вака. Од каде храброста, ако не и дрскоста, се прашувам, на претседателката и на премиерот на Македонија во јавната комуникација со високите претставици на ЕУ? „Топки“, „петки“ и слични цинични изјави… Се сеќавам на тешките почетоци на независноста кога се раководевме од народната: „добар збор, железна врата отвора“.
Да не зборувам за ситуации кога, во интерес на народт и на државата во настанување, мораше да кажете дека врне и кога ве плукаат, а не да му се жалите на народот дека ве плукнале. Но, тогаш бевме меѓународно непризната држава, па така, не ретко, средбите со соговорниците од Америка и од ЕЗ/ЕУ ги завршував со зборовите:„Please, help us“. На тоа одговараа доста искрено: за ова и ова можеме да ви помогнеме, за ова потешко, а за ова никако. Се прашувак дали сеуште се водат вакви разговори на официјалните средби надвор од очите на јавноста или се се сведува на „европскиот диктат“ и „накедоскиот пркос“. Ќе да е ова второво. И повторно: од каде оваа ненадејна „храброст“ на македонскиот политички врв?
Извор: Либертас.мк
