Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Никогаш Северна само (во) Македонија

0
By Marija Todorovska on June 21, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДЕХРАН МУРАТОВ / ЦИВИЛ МЕДИА 

Спласна цврстиот став на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, мандатарот Христијан Мицкоски дека никогаш нема да ја користи придавката Северна. Односно, различни му се ставовите како опозиционер и сега кога е на чекор да формира влада.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во дебатата на „Клик Плус“ на ТВ21 (на 16 април 2019) истакна дека кога би бил премиер нема да го користи новото уставно име на Македонија дури и по цена „да му го одземат мандатот“.

„Нема да ја користам придавката на новото уставно име на Македонија па ако сакаат и нека ми го одземат мандатот“ – рече Мицкоски запрашан за тоа како би постапувал доколку би ја водел идната македонска влада.

Мицкоски на 5 јуни 2024 година, рече дека негово човеково право, гарантирано со многу конвенции е правото на слобода на изразување и говор и дека затоа како што рече „мојата татковина во секоја моја изјава е Македонија и ќе остане Македонија“, откако претходно премиерот на Грција, Киријакос Мицотакси, побара да се користи името Северна Македонија.

„Не очекувам талибански однос, цензурирање на елементарно човеково право, а се што е содржано во Преспанскиот договор и дел од нашиот правен систем и уставен поредок идната влада на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го почитува. Вклучително еве и решенијата за пратеници коишто ги добивме, ги добивме со придавката содржана“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на 18 јуни 2024 година, во Собранието го достави Предлогот за состав на Владата и Програмата за работа на Владата, како мандатор за состав на Владата на Република Северна Македонија.

Мандатарот Мицкоски откако во законодавниот дом го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа, во телевизиско интервју истакна дека заклетвата како нов премиер ќе ја даде со уставното име на државата Република Северна Македонија.

„Во моите настапи во странство ќе го користам уставното име на државата со придавката. Не можеме да се однесуваме со двојни стандарди, не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат законите и уставот, а ние да не ги почитуваме. Но, во моите настапи дома и во давањето изјави ќе го користам името на мојата држава, а тоа е Македонија, изјави во Дневникот на ТВ Сител лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар, Христијан Мицкоски, на 18 јуни 2024 година.

Според него, случајот со заклетвата на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, кога таа не го изговори уставното име на државата, туку рече Македонија, е поинаков бидејќи таа заклетва била содржана во Изборниот законик кој, пак, за разлика од Деловникот, не е променет.

„Не можеме да се однесуваме со двојни стандарди, не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат законите и Уставот, а ние да не ги почитуваме. Колку и да не се согласуваме со некои делови од нив, ние да мислиме дека тоа може да биде поразлично, подобро, повеќе чувствително итн., суштината е дека ние како влада мораме да ги почитуваме. Таков е новиот Деловник за работа во парламентот, заклетвата е јасно дефинирана со Деловникот и тука нема простор за импровизации. Друго беше заклетвата на претседателката. Заклетвата е содржана во друг закон, тоа е Изборниот законик и тој не е променет, таму стои Република Македонија. Тоа се сосема два различни правни документа. Не ми е драго што ќе ја кажам таа придавка, но тоа е законот. Тоа ќе биде мојот начин на однесување, согласно законот и согласно Уставот сѐ додека тие важат како такви“, рече Мицкоски.

Дали со користењето на придавката Северна, како што се изјасни, (само во официлајни документи и надвор од државата) е новата реалност дека „не можеме да се правиме наудрени дека уставното име не е дел од правниот систем“, или со тоа се прави „терен“ за уставните измени. Дали Мицкоски со користењето на „Северна“ всушност (ќе) „опипува терен“ кај неговите поддржувачи дали ќе се согласат да ги внесат Бугарите и другите заедници во Уставот?

Македонија на 17 јуни 2018 потпиша договор со соседна Грција за промена на името во Република Северна Македонија. Овој договор стапи на сила на 12 февруари 2019 година.

Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.