Радмила Шекеринска: НИКОГАШ за НИКОГО не сум се јавила за да побарам ваква ургенција и затоа бев шокирана кога видов дека некој почнал да шири вакви обвинувања за мене без НИКАКВА причина, ниту доказ. Неточни се, но и нелогични бидејќи во годината во која биле носени тие судски одлуки, јас не сум имала никаква функција ниту позиција на моќ од која би можела да вршам такво влијание. За жал, очигледно е дека некои структури можат да продуцираат и најнелогични и целосно исконструирани лаги – доволно им е да имаат интерес и наредбодавател. Линк