Во попладневните часови на денешниот ден, носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ 6, Никола Попоски ги посети населените места во Општина Брвеница.
Посетата започна со средби во селото Стенче, по што следуваа посети на селата Волковија, Блаце, Милетино и Брвеница.
Во рамките на посетата, Попоски се сретна со граѓани на оваа општина и разговараше за предизвиците со кои се соочува овој регион и самата општина. Воедно, тој ги промовираше проектите од програмата “Проверено” на ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2014-2018.