Никола Попоски, носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за ИЕ6, денес ја заврши својата посета на градот Тетово со одржани два мини-митинзи во населбите Певчина и Тетовчанка.
Пред присутните, Попоски ги истакна реализираните проекти на ВМРО-ДПМНЕ во градот Тетово кои се однесуваат на патната и комуналната инфраструтура и ги најави новите вложувања во образованието и спортските капацитети во градот, соопштуваат од владејачката партија.
Во рамките на својата посета на Тетово, Попоски, остварил средба со навивачката група „Војводи“, а веднаш потоа и со спортистите и спортските работници во Тетово. Попоски на средбите истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ е голем поддржувач на спортот и младите.
Денешните активности на носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во шестката, продолжиле во градот каде што остварил средба со тамошните пензионери во Здружението на пензионери.
Потоа, Попоски ја посетил Шарената џамија во Тетово, каде што се сретнал со тетовскиот Имам. Оттаму, носителот Попоски ја продолжил посетата на Тетово во галеријата-Амам каде што имаше изложба од македонскиот уметник Никола Јовановски, информираат од ВМРО ДПМНЕ.
фотографиите се во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ