Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за ИЕ 6, Никола Попоски, денеска ја посети Општината Маврово-Ростуше, каде што имаше средби со граѓани и по повод одбележувањето на Велики Петок ги посети црквите “Успение на Пресвета Богородица” во с. Леуново и “Св. Никола” во с. Врбен.
Во изјава за медиумите тој го промовираше проектот: Рехабилитација на регионалниот спој СО А4(Ново Село)-Маврово-Жировница-Дебар за којшто изјави декаке ке се реализира во два дела.
– Првиот дел ке се реализира од Ново Село до Маврово, а вториот од Бошков мост до Дебар, и опфаќа комплетно вадење на стариот асфалт и поставување на нов асфалтен слој, како и поставување на нова сигнализација и нова заштитна ограда. Ќе се рехабилитираат вкупно 20 км со широчина од 6,4 м. Средствата за реализација на проектот ќе бидат обезбедени од Светската банка. Буџетот за овој потфат е проценет на околу 8 милиони евра