Претседателот на Србија Томислав Николиќ смета дека Косово никогаш нема да биде држава.
-Знаеме дека Србија ќе биде под притисок да го признае Косово, но ние никогаш нема да го направиме тоа и без согласност на Србија, Косово нема да биде држава, изјавил Николиќ за весникот „Џерузалим пост“
Oколу потпишаниот договор со Приштина Николиќ објаснил: „Бевме соочени со дилема: дали да бидеме во постојан судир со Албанците или да го решиме тоа прашање. Немавме многу моќ во наши раце. Имавме добри аргументи и правда на наша страна, но меѓународните медиуми ги поддржуваат Албанците многу отворено“.