„Ова беше единствено можно решение кое што гарантира мирен живот за нашите луѓе и со кое Косово нема да биде признато во Обединетите нации. Се приближивме кон спогодба со која нема да бидат задоволни ниту Србите ниту Албаците“, рече претседателот.
Претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави дека во преговорите во Брисел во овие околности немало можност да се дојде до подобро решение и повтори дека Србија никогаш нема да го признаат Косово.
Тој нанагласи дека Србија се изборила за заштита на правата на српските заедници и за нивното право да управуваат со својот живот, да имаат сигурна врска со центарот без ограничување, а на грѓаните останува да покажат дали се задоволни од тоа или не.
Во исто време српските медиуми јавуваат дека претставници на Србите од северниот дел на Косово, незадоволни од предлог-договорот меѓу Србија и Косово, кој е потпишан во Брисел, најавија протести за в понеделник.