Иницијативата за гласање доверба на Владата е поднесена до Собранието, истакна денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој кажа дека иницијативата ја поднесуваат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, пратениците од БЕСА и пратениците од Левица.
Функционерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека 61 пратеник ја потпишал оваа иницијатива и таа со 61 потпис е доставена до Собранието.
-Очекуваме претседателот на Собранието согласно законите и Деловникот, во најкус можен рок да свика седница. Во тек се интензивни разговори со уште неколку пратеници во Собранието и очекувам во моментот на гласањето да има повеќе од 61 пратеник. Ние високо ја цениме работата на Скендер Реџепи, мислам дека неговата изјава беше јасна и дека тој ќе поддржи гласање недоверба на Влада, додаде Николоски.