Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николов: ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи контроверзниот закон за клинички центар

0
By Нова ТВ on February 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ и Владата предводена од оваа партија, продолжуваат со концептот на демонтирање на здравствениот систем. Наместо анализа на ново настанатата состојба во здравството со корона епидемијата, наместо утврдување на потребите и приоритетите на здравствениот систем, деновиве  СДСМ е во криминален поход за реализација на проект, кој секоја година го најавуваат, а тоа е нов клинички центар. Зајакнувањето на капацитетите на здравствениот систем е приоритет за сите. Тоа зајакнување не треба да се изведе со нетранспарентен процес и закон од само 9 членови, кој не обезбедува никакви детали за тоа што ќе се добие на крајот од проектот, рече на денешната прес-конференција Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Прво, треба да е јасно дека за вредност од 500-700 милиони евра, денес ќе дебатиравме за потребата  втор клинички центар и сето тоа ќе беше доколку не го прекинеа проектот Клинички центар Мајка Тереза. Второ, предлагаат закон за клинички, а ги немаат решено имотно-правни односи на самото земјиште, не им е отпочната постапката за експропријација. Немаат анализа за потребата од централизација или пак децентрализација на здравствениот систем настаната од корона епидемијата, немаат проект, немаат испитувања за геомеханиката на земјиштето, ниту за евентуални археолошки наоѓалишта. Трето, градбата на нов клинички центар вака како што тие го замислуваат и сакаат да го протуркаат претставува извор на корупција.  Овој предлог е само една работна верзија на закон. Овој предлог наместо да обезбеди одбирање на најдобрата компанија, стимулира некаква заедница на компании. Четврто, самата јавна набавка како што ја опишуваат во овој таканаречен предлог закон за реализација на проект нов клинички центар е спорно. Ова е  работна верзија на закон, со оваа работна верзија се елиминира конкуренцијата, не се добива најдобриот понудувач туку се стимулира можноста за фиктивни понуди. Дури, постои и однапред  можност за однапред договорени фиктивни понуди.  Петто, како заклучок, може да се каже дека ова е само еден проект на популизам кој што се случува пред избори. Наследија готов проект од ВМРО-ДПМНЕ и наместо да го продолжат и да го реализираат, тие го поништија. Овој проект кои тие го ставија на страна требаше да биде досега реализиран  и денеска ќе имавме уште една инфраструктурна единица на располагање во борба со корона епидемијата, истакна Николов.

Оттука ВМРО-ДПМНЕ ваков законски текст не поддржува! Ваква пљачка на народните пари нема да дозволи и вакво лажење на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи, додаде тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.