„Владата ги премолчи информациите на угледната агенција Ројтерс, дека Субрата Рој е осуден од Врховниот суд во Индија да врати 4 ипол милијарди долари на околу 30 милиони Индијци“, изјави пред новинарите Ленче Николовска од Сојуз за иднината.
Според нив сериозна Влада, во најмала рака би го проверила кредибилитетот на партнерот Рој, посебно по заканите дека може да му се заплени имот, ако не го врати долгот.
Сега веста е дека индиското регулаторно тело СЕБИ побарало од Врховниот суд во Индија затвор за Рој и директорите на компаниите „Сахара Индиа Реал Естејт Корп“ и „Сахара Индија хаусинг инвестмент корп“ поради непочитување на судската одлука за враќање на околу 4 милијарди долари на мали акционери во компаниите, по што им е даден последен рок, 6 август.
Дали македонската Влада ќе ја игнорира и оваа вест?
СДСМ изразува сериозна загриженост за несериозноста на власта околу зделките со очигледно сомнителниот бизнисмен од Индија.
Предупредуваме дека сите штетни последици ќе ги сноси Владата. Апелираме дека тие, за жал, можат да нанесат неповратна штета за македонските граѓани и земјава.