Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Започнува реализацијата на системот „Е-инспектор“, дигитализирано и силно оружје во борбата против корупцијата

0
By Ivana on November 22, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Исполнуваме уште една мерка од Планот за борба против корупција, започнува реализацијата на системот „Е-инспектор“, изјави на денешната прес-конференција заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Вицепремиерот Николовски посочи дека за ефикасна имплементација на системот, за трите клучни инспекторати Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и за Државниот управен инспекторат, веќе се обезбедени лаптопи, неопходни за дигитално спроведување на надзорите и контролите.

„Со овој систем значително се елиминира човечкиот фактор и субјективниот пристап при инспекциските надзори и контроли. Целокупниот процес од распределба на надзорите и контролите, генерирање на записници, до крај до издавање на решенија, ќе биде електронски, со што човечкиот фактор е целосно изземен. Инспекторот не може сам по свое лично убедување да одлучува во кој објект ќе изврши надзор или контрола. Одлуката ќе ја генерира софтверот, кој врз основа на базата на податоци, автоматски ќе ги определува субјектите, фирмите на високо, средно и ниско ризични , и автоматски ќе планира надзори кај високо ризичните субјекти“, рече вицепремиерот Николовски.

Директорката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска–Грашкоска, појасни дека овој софтвер за почеток ќе го користат 3-те инспекциски служби кои имаат најголем број на субјекти на надзор и од приватниот, но и од јавниот сектор, а тоа се пазарната, трудовата и управната инспекција. До крајот на годинава вонредните надзори кои ќе се вршат од страна на овие три инспекциски служби ќе бидат водени преку системот „Е-инспектор“, а веќе од јануари 2022 година, откако ќе се донесат годишните планови за работа за 2022 и месечни планови за работа за јануари 2022, инспекторите ќе отпочнат да ги водат и редовните надзори преку овој систем.

„На овој начин, во иднина, со полнење на базата на податоци со информации за субјектите на надзор добиени од претходните надзори, во смисла дали и кои законски обврски ги исполниле или не ги исполниле, системот ќе биде во можност да ги класифицира субјектите на надзор на високо, средно и ниско ризични субјекти и во зависност од степенот на ризик соодветно автоматски ќе се планираат надзорите“, изјави директорката Филиповска-Грашкоска.

Во 2022 година ќе се отпочне со доразвивање на софтверот со цел да се овозможи пристап и на уште 13 државни инспекторати, а за 2023 година се планира пристап и за сите преостанати инспекциски служби

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.