Александар Николовски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, револтиран од големиот број Македонци кои продолжениот викенд го минуваат во Грција на својот Фејбук профил напишал:
„Над 23.000 Македонци во Грција само овој викенд. На граница се чека околу еден час. Ако секој оставил по 100 евра, тоа се 2,5 милиони евра приход за Грција и минус за Македонија. Заради истата Грција следниот петок повторно нема да добиеме датум за преговори со ЕУ што е основен предуслов за посилна економија, повисоки плати, поголема вработеност и подобар животен стандард. Срамота! Поздрав од Охрид”, пишува Николовски.