Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Сточарите ќе бидат исплатени до Нова година, во 2023 година да влеземе без долгови кон нив

0
By Sashko on September 26, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите основни субвенции во сточарството се исплатени, оние што се по грло, а за предадено млеко се исплаќаат согласно утврдената динамика и доцнат само две фази, но тоа не се две години, туку неколкумесечен период. Уште тие остануваат за исплата. До 31 декември ќе биде сè исплатено и во новата 2023 година, за првпат по 15 години, да влеземе без денар долг кон сточарите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Како што информира Николовски, со интервентната мерка што утре ќе помине на Влада, за сточарите ќе се обезбедат уште два милиона евра поддршка, а паралелно се носи и новиот закон за пасишта.

Николовски уште еднаш потсети дека во 2017 година, кога станал министер, девет фази од поддршката за млекото не биле исплатени.

„Сега, со ребалансот на Буџетот, обезбедивме вкупно 2,7 милијарди денари за директни плаќања, за сите фази во земјоделството за кои државата должи, а целта е сите заостанати субвенции, особено кај сточарите, да бидат комплетно исплатени до 31 декември во 2022 година. До 31 декември ќе ги исплатиме сите средства и кон сточарите и кон сите останати производители и во 2023-година ќе влеземе без никакви долгови кои успеавме да ги изменаџираме, а ги наследивме од претходната власт. Точно е дека од основањето на Платежната агенција до денес најмногу се доцни со исплата на субвенции за сточарите. Ние сме постојано на нивна страна и на страната на производителите на млеко, но не сме институција која може да кажува колку ќе биде цената на млекото, ниту како држава сме единствените што сме погодени од кризата. Слушам паушални информации дека е намалено производството, а само четири проценти е намалено годинава во однос на лани“, подвлече министерот, одговорајќи на новинарски прашања по по примопредавањето на униформите и опремата за шумската полиција од Италија.

Николовски е сигурен, како што рече, дека мерките креирани со Интервентиот фонд и сите останати што беа преземени пред кризата, денес ги даваат резултатите во секој сектор.

„Рушиме рекорди со мерката за набавка на приплоден добиток. Во јуни се склучени договори за 3.700 грла со 400 различни апликанти кои сега го набавуваат добитокот. Постојано креираме нови мерки кои значат раст и развој, а тука е и новиот модел на субвенции“, потенцира Николовски.

На прашањето дали ќе имаме доволно храна, тој уште еднаш кажа дека се вложуваат максимални напори и се прави се што може за зголемено домашно производство. Се менува и моделот на поддршката, па покрај основните, се воведуваат и дополнителни субвенции са стратешките култури кои, според бројките, покажуваат раст.

„Јас не носам одговорност за кризата, туку за навремено предвидување мерки и политики кои се носат и креираат во соработка со науката и со земјоделците“, нагласи Николовски.

Тој се наврати на некои од мерките, рече дека сме единствена земја во регинот која дава субвенции за „зелена нафта“ и подвлече дека субвенционирањето на сончогледот ќе продолжи и идната година зашто дава резултати – и производството и површините под сончоглед се удвоени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

ВЕСТИ September 25, 2025

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, им нареди на стотици генерали и адмирали итно…

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025

Утврден редоследот на листите на кандидати на гласачко ливче за локалните избори

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.