НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: „Зелената транзиција“ е еден од петте приоритети на министерството и Владата на Република Северна Македонија

0
By Marta Pesevska on October 6, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во пресрет на најголемата регионална агробизнис конфренција „Grow up - Силата на земјата“ во Србија, Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на првата министерска конференција за шумарство „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“ што се одржа денеска во Скопје ја испрати пораката дека е неопходна регионална „зелена акција“ за заедничка заштита и обнова на шумите.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николвоски со своите колеги, министрите за земјоделство на Црна Гора, Албанија, Косово и Бугарија, споделија искуства и разговараа за зајакнување на соработката и националниот камацитет на земјите од регионот во делот на шумарството.

-Основната цел на оваа конференција беше токму во таа насока, заеднички да ја зајакнеме улогата на шумарскиот сектор, зајакнувајќи го неговиот придонес во националната економија преку подобрен мониторинг и планска обнова на шумите, како и зајакнување на руралниот развој промовирајќи ги природните шумски убавини до секој еден човек. Шумите се природното богаство на секоја една земја и токму затоа оваа министерска конференција нуди можност за поставување на јасни цели за заедничка акција во зачувувањето и обновата на шумите, рече министерот Николовски во своето обраќање.

Тој истакна дека сите држави од регионот имаат заедничка обврска да ги чуваат, развиваат и обновуваат шумите, создавајќи зелена и здрава иднина за сите граѓани.

-„Зелената транзиција“ е еден од петте приоритети на министерството и Владата на Република Северна Македонија. Пошумувањето претставува една од главните алатки во борбата против климатските промени. Во таа насока како држави би требало да одговориме преку пошумување и подигнување на соодветни шумски култури, подобрувајќи го составот на шумите со автохтони видови на дрвја отпорни на климатските промени. Зајакнување на мерките за заштита на шумите од пожари и подобрување на подготвеноста при нивно гасење. Воспоставување на постојан надзор на сите шуми, особено на најчувствителните и највредни шуми, рече Николовски.

Вицепремиерот за економски систем и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, Владимир Јоковиќ го истакна богатото црногорско шумско наследство и напорите за зачувување на шумите.

-Црна Гора гордо се истакнува со богатите шумски ресурси и традицијата за зачувување на шумите. Шумите се витален дел на нашиот национален индентитет и тие играат клучна улога во одржувањето на екосистемска рамномерност, регулирањето на климата и водата, намалувањето на штетите од ерозија, но даваат и многу економски и социјални бенефити, напомена министерот Јоковиќ.

Тој во своето излагање информираше за тековните реформи за одржливо управување со државните шуми, истакнувајќи ги приоритетите како што се отпорноста, руралниот развој, конкурентноста на дрвната индустрија, развојот на шумарската професија, обновувањето на опожарените површини и адаптацијата на климатските промени. Јоковиќ, исто така, ја истакна важноста на регионалната соработка за управување со шумите.

Министерката за земјоделство и рурален развој на Албанија, Анила Денајрече дека негативните ефекти од климатските промени врз шумите се реалност и во Албанија. Со поддршка на Светска банка, Албанија за прв пат воведува Дигитална платформа за климатски-паметно земјоделство, со цел да ги насочи земјоделците кон поодржливи земјоделски практики, а исто така, инвестира во модернизирање на наводнувањето и одводнувањето и интегрирање на обновливите извори на енергија за заштите на животната средина.

Според Фатон Пеци, министер за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово, важна е регионалната соработка.

-Владата на Косово активно работи на заштита и обновување на шумите, преку законски измени и проекти поддржани од меѓународни партнери, меѓу кои Европската комисија, САД, ФАО, Јапонија, Шведска и Германија, чија основна цел е подобрено управување со шумите, превенција од поплави и управување со ризик од шумски пожари и други природни катастрофи, информира Пеци.

Заменик-министерот за земјоделство и храна на Бугарија, Мирослав Маринов ја истакна посветеноста на Бугарија на пошумувањето, како начин за справување со деградацијата и ерозијата на почвите и истовремено зачувување на квалитетот на земјиштето и водниот биланс. Тој потенцира дека 30 отсто од напорите на Бугарија за пошумување се фокусираат на анти-ерозивни мерки и на автоматизирано контејнерско производство на садници со финансиска поддршка од ЕУ.

Презентација во рамки на министерската конференција имаше и Кеничи Шоно, офицер за шумарство при ФАО, кој ја потврди посветеноста на ФАО за поддршка на земјите во одржливо управување со природните ресурси за унапредување на животната средина.

На првата министерска конференција за шумарство „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“ учествуваа академски експерти од Северна Македонија, Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина. Тие одржаа презентации на низа клучни теми, вклучително најдобри практики во обновувањето на шумите, силвикултура и предизвици во пошумувањето. Споделија нови научни искуства за производството на саден материјал од шумски видови, стратегии за пошумување на голи терени, хидросеење како начин за рекултивација на деградирано земјиште и еродирани подрачја, како и производство на биомаса.

-Споделените искуства и практики од денешната министерска конференција за шумарство придонесуваат кон уште поголем развој на шумите, позелена и здрава иднина на земјите од Западен Балкан, наведува МЗШВ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.