Посредникот на ОН во разговорите за името амбасадорот Метју Нимиц утре и задутре во Њујорк ќе има најпрво одвоени средби со претставниците на Македонија и на Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, а потоа се планира и заедничка средба.
Овие средби следат после посетата на Нимиц на Скопје и Атина, кога изјави дека е охрабрен, најавувајќи дека ќе ја забрза динамиката на преговори во Њујорк преку разработка на идеите кои се конструктивни и обмислени, со надеж дека ќе дојде до напредок.
Нимиц по средбите во Скопје и Атина не детализираше за какви идеи станува збор:
„Зборувавме за специфичности, за разновидни можности, а не само општо. Изнесов некои идеи и добив одредени реакции. Имам чувство дека постои зголемен интерес и сериозно вимание во однос на можностите за постигнување решение”.