Посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, ќе се сретне со преговарачите на двете земји, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, во седиштето на ОН во Њујорк на 8 и 9 април.
Средбата се одржува на барање на Нимиц, а двајцата преговарачи ја прифатиле поканата, соопштуваат од ОН, објавува Слободна Европа.
Нимиц прво ќе се сретне со преговарачите одделно, а потоа ќе одржат и заедничка средба, заради продолжување на преговорите за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името.