Весна Костовска: Народот сака да верува во полувистини затоа што нема капацитет да ја согледа вистината или нема храброст да се соочи со реалноста.
Исто, незначителен процент од граѓаните има храброст да излезе од удобноста на потпросечното постоење.
Точно, животот е краток и честопати оној што се одважува да се надмине себеси од закоравените размислувања наидува на ѕидови и ѕидови.
Потпросечни, закоравени итри умови ја креираат сегашноста и иднината. Потпросечните, малограѓански ликови предизвикуваат восхит кај обичните луѓе коишто се доведени до крајна понизност како основен елемент за преживување.
Во Македонија, итроманите станаа пример за успешност.
Ќе постои Македонија, додека постои, во процесот на својот морален и цивилизациски пад.
Ќе постои во неправдата, во криминалот…
Но, факт е дека таа се претвори во една огромна паланка каде што полуписмените конзервативни итромани живеат, просперираат, а мнозинството е потчинето и изманипулирано.
А, покореното, мнозинството веќе нема визија.
Покореното, мнозинство само преживува.
Извор: Фејсбук



