Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НКМ: Опасност од СИДА и ТБЦ, ако државата не најде пари за превенција

0
By Менче Атанасова Точи on June 14, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Државата што побргу да изнајде начин со кој ќе се финансира превентивата на ХИВ/СИДА и ТБЦ, бидејќи по 2016-та година кога Македонија ќе престане да добива пари од Глобалниот фонд постои опасност да се зголеми стапката на заболени, реагираат од Секретаријатот на Националниот координативен механизам кој управува со грантовите на Глобалниот фонд.

Од таму потенцираат дека политичката волја и континуираното финансирање може да придонесат кон одржување, да не букнат овие опасни болести.

-Клучната улога ја има Министерството за здравство, но и Министерството за правда кое работи со затвореници, како и финансии и локалната самоуправа. Потребно е тие да одвојуваат поголеми финансиски средства за да овие програми продолжат со спроведување и по повлекувањето на Глобалниот фонд од нашата земја, изјави за НОВА, Даниел Калајџиески од Секретаријатот на НКМ.

Во изминатите десет години преку Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија добиена е неповратна финансиска поддршка во износ од 26 милиони американски долари.

Во моментов државата преку превентивните програми финансирани од буџетот обезбедува бесплатна терапија за ХИВ и туберкулоза за сите граѓани на кои што им е потребна, додека превентивните активности целосно се финансирани од Глобален фонд. По 2016 година, кога завршува финансирањето од Глобален фонд, нема да бидат потребни само средства за третман, туку многу повеќе средства за превентивни активности, велат од НКМ.

Иако Македонија спаѓа во групата на земји со ниско ниво на случаи со овие болести, со превентивните прегледи во март преку овие програми, од 44 испитани случаи во населбата Шуто Оризари откриени с е два сомнителни случаи на ТБЦ, дознава НОВА.

Минатата година откриени се 323 нови случаи со ТБЦ, а заклучно со 2013 година регистрирани се вкупно 194 случаи со ХИВ. Податоците добиени од невладиниот сектор говорат дека само за советување и тестирање годишно преку програмите се трошат над 70 000 евра, за третман и дијагноза на сексуално преносливи болести над 60 000 евра, за сексуални работници околу 200 000 евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.