Белоруската писателка и новинарка Светлана Алексиевич ја доби Нобеловата награда за 2015 година во сферата на литературата. Според комитетот кој го прави изборот, нејзините дела се “споменик на храброста и страдањата на нашето време“.
За оваа награда, таа добива 938.000 евра.
Минатата година оваа награда ја доби авторот Патрик Модиано, а помеѓу поголемите имиња добитници се Ернест Хемингвеј и Радиард Киплинг.
Алексиевич е позната по својот критички осврт кон владата во нејзината земја. Првата жена на Шведската академија, Сара Даниус, за време на врачувањето на наградата, рече дека Алексиевич потрошила речиси 40 година на изучување на луѓето од Советскиот сојуз, но дека нејзините дела не се само за историјата, туку се споменик на храброста и страдањата на нашето време.
Даниус за Белорусинката вели е едноставно брилијантна.
„Гласовите од Чернобил“, „Момците во Зинк“, се дел од најславните дела на Светлана Алексиевич.