Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„NOIR” ФИЛМ (Прв дел)

0
By Zoran Ivanov on December 10, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Но, и без прецизна епидемиолошка анализа, дури и само еден левтерен увид е доволен за (релативно веродостоен) впечаток дека сме среде епидемија на страв! Пред сѐ, страв за опстанок во услови на децениски и сѐ поизразени егзистенцијални ризици!

Драган Даниловски

Градот деновиве налик на сцена од некој црно-бел, „noir“ филм од времето на „Големата депресија“ во триесеттите години.

Оловна плоча надвиснала над градот. Ретки мижуркави улични светилки, обвиткани со треперливи халоа, едвај се наѕираат низ темнината и низ густиот, токсичен воздух што го сече грлото како нож. И години наназад така е, додуша…

Одвратна смрдеа од купиштата ѓубре покрај преполнетите контејнери. Морничави врисоци на мачки што го разнесуваат наоколу. Глутници изгладнети кучиња бесцелно талкаат по улиците демнејќи ретки, осамени минувачи.

Истовремено, блештат неонските светла на преполните кафеани и кафулиња. Внатре, облаци тутунски чад. Први сме биле во Европа по загадениот воздух? Ха, гајле ни е, можеме ние и појако.

Трешти турбо-фолк. Гласови од потпивнати гости без слух „фаќаат“ терца. Полни маси со храна и пијачка. Кикотења, џагор, пијани извици, здравици… Баханалии…

„Клонирани“, „пластифицирани“ поклонички на богот Бахус со „акромегалично“ хипертрофирани муцки во френетичен ритам на музика со „три ноти“.

Пијани мажи без инхибиција на своето „id“ со закрвавени погледи голтаат гротескнo истакнати, силиконски облини…

„Селфија“ се прават со кренати чаши, да се овековечи мигот на „среќа“ и да се „постира“ во универзумот на социјалните мрежи! Нека пукнат душманите! „Само еднаш се живее“!

Уште една „изгубена генерација“… Историјата се повторува.

На социјалните мрежи „пењавење“ на, во суштина, ефемерни теми (дневно-политички збиднувања, пцостите во Собранието, некој монструм претепал куче со шипка, воздухот бил катастрофално загаден, кој да го води тендерот за автобусите, граѓаните што не откажале закажан термин за преглед требало да се казнат, не требало доктори од јавното здравство да работат и во приватното, смешни биле покачувањата на платите во здравството и пензиите, потребен ли ни бил унгарскиот кредит, поскапеле јајцата 40 отсто… итн.).

Во медиумите „врие“ од вести за улично, училишно, семејно насилство…

Ерос и Танатос на најјако!

Сите погоре опишани појави се должат на несвесни одбранбени механизми за самоизмама со кои луѓето се обидуваат да се заштитат себеси од чувствата на страв, вознемиреност, безнадежност, беспомошност!

Според фројдовата психоаналитичка теорија, одбранбените механизми се психолошки стратегии кои ги користат поединци, групи, па дури и нации за справување со реалноста и задржување на сликата и поимот за себеси.

Здрави личности вообичаено користат разни одбрани во текот на животот. Намената на одбранбените механизми на егото е да го заштитат умот/битието/егото од напнатост, од општествени санкции или да понудат бегство од состојба со која некој не може моментално да се справи.

Според ова теорија, најчести несвесни одбранбени механизми се:

– одбивање да се прифати надворешната стварност бидејќи е премногу заканувачка, спротивставување на стимул кој предизвикува напнатост по пат на непризнавање дека тој постои; решавање на емоционален конфликт и намалување на напнатоста со одбивање да се видат непријатните надворешни аспекти (негирање);

– потиснување на несаканите емоции (репресија);

– стремеж за бегство во фантазија заради одбегнување на внатрешни и надворешни конфликти (фантазирање);

– пренесување на своите неприфатливи мисли, чувства и импулси на некој друг (проекција);

– хипохондрија,

– пасивна, но и активна агресија,

– избувливост;

– оправдување на сопствените постапки (рационализација);

– сосредоточување врз интелектуалните компоненти на ситуацијата заради оддалечување на себеси од емоциите кои создаваат напнатост (интелектуализација);

– компензација…

И многу поретко, емоционално најзрелите единки реагираат со:

– претворање на негативните емоции или инстинкти во позитивни дејства, однесување или емоции (сублимација);

– со свесна одлука за одвраќање на вниманието од одредена емоција заради справување со моменталната стварност (супресија),

– но и со антиципација, идентификација, дури и со алтруизам и хумор.

При рудиментирано „супер-его“, „егото“ спас бара во нагонските сфери (id-от)…

Така психологијата ги објаснува и категоризира несвесните одбранбени механизми.

Епидемиологијата, пак, треба да даде одговори на прашањата од типот:

Колкава е застапеноста на одделни одбранбени механизми меѓу разни категории население (специфични популациски групи)?

Како тие се рангираат?

Кои се најбројните?

Кои се карактеристиките на тие специфични популациски групи?

Кои фактори на ризик (причини) се најсилно асоцирани со нив?

Кои се мерките (интервенциите) со кои заедницата може оптимално да ги прекине ланците на експозиција (да ги минимизира штетните ефекти) на тие фактори?

Како да се евалуираат ефектите на тие мерки, за тие да станат поефикасни?

Но, и без прецизна епидемиолошка анализа, дури и само еден левтерен увид е доволен за (релативно веродостоен) впечаток дека сме среде епидемија на страв! Пред сѐ, страв за опстанок во услови на децениски и сѐ поизразени егзистенцијални ризици!

Страв, кој поприма енормни размери откако и „со голо око“ на хоризонтот се сѐ повидливи силуетите на „јавачите на апокалипсата“! Заради што сѐ поинтензивно на сцена се психолошките одбранбени механизми кај граѓаните.

За да се потисне стравот. Да се глуми „нормалност“. Да се издржи денот.

И така, ден за ден…

Што да се прави?

Во следна прилика…

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

драган данилопвски страв фројд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.