Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нормално е Заев да си даде оставка

0
By Биљана Секуловска on February 23, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нормално дека Заев, Десковска и Спасовски мора да си дадат оставка, онака како што крика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Одговорност  мора да има за инцидентот во Шутка, каде што биле претепани Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, за што говори и самиот Мицковски.

Се разбира дека нема ниту зрнце вистина во ваквите тврдења и вести за претепувања, се разбира дека станува збор за лажни вести, груби манипулации, но тоа е мал дел, мала порција од она што може да го проголта јавноста.

Подготвена е таа јавност, на штрек, восхитена од нови, секојдневни лаги, опасни, неодговорни, ниски, од медиумите за кои се заковала деноноќно и очајнички.

Секако дека најелегантниот начин за медиумите за да се одбранат и да ја отфрлат својата одговорност, може да биде обвинување на јавноста, која со леснотија можете да ја водите и на крај и да ја одведете до провалија, несвесна за тоа што и се случува, така барем мислат медиумите, потценувајќи ја докрај таа јавност, потсмевајќи и се сосема.

Да се повикуваат на нејзиниот закржлавен ум кога опасно се шират лаги и дезинформации за исчезнати лица и трговија на органи; да ја исмеваат мрзеливоста на јавноста да ги проверува сите медиуми и да консултира релевантни извори; на јавноста да и ги натовариме поразителните статистики за неписменост, неукост, нека го носи крстот полн со етикети за атрофирани мозочни келии, да ја испратиме во домовите да ги повторува лекциите за медиумска писменост, нека биде докрај апсурдно и бурлескно.

Нека виси јавноста, нека се обезбеди за неа првото стабилно дрво, нека го преземе товарот и вината за медиумскиот дилетантизам, затоа што новинарите се изгубија некаде попат, ја закопаа свеста за сопствената улога, значењето на професијата, ја прифатија молчешкум улогата на сопствениците на медиумите кои со децении функционираат во бизнис и политичките спреги, исмевајќи ги притоа дефинициите за слободата на медиумите, како круна на демократијата.

Во такви услови, новинарите ја искористуваат сопствената сила во општеството, како четврта власт, како “нова религија”, откако во 18.век, “медиумите постепено ја замениле религијата, станувајќи една од доминантните институции во западните општества” (Гант), а професијата на новинарите се смета како света, како што се само поповите и докторите, затоа што се работи за “алтруистички сервис, благородност на саможртвување, исто како што поповите и докторите немаат работно време и нивната работа никогаш не ги напушта” (Бенс).

Новинарите во Македонија во злоупотребата на таа моќ почнаа да се  приближуваат опасно кон тенденциите на злоупотребување на власта (на секоја власт). Но, не само во смисол на создавање на медиумите како  “инструмент на пропаганда” (Чомски), туку и во друг, во поткопување на психолошкиот корен на моќта, кој произлегува од кредибилитетот кој го добиле од публиката, од јавноста.  Таа борба за сопствената професија не може Заев да ја води, тоа е борба која само новинарите, новинарската заедница може да ја извојува. Дотогаш, ќе постои согласност дека лажните вести се круната на слободата на медиумите, додека тие произведуваат вести за трговијата со органи на кои Заев премолчено се согласува, заради што е неопходна негова оставка. сега, веднаш, без збор.

Затоа што, аплаузот кој довчера одѕвонуваше, почнува да прави таква неподнослива бука во нивните глави, што се подготвени да ги принесат на тацна сопствените мозоци, како доказ за трговијата со органи. Со слободата никогаш не може да се претера, освен ако големината на крилата не се прецени, по што падот не може да се спречи, особено кога пер(ј)ата отупуваат.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.